ФФМ анализа на судењето: Грешка на мечот Работнички - Шкупи

Судиската комисија на ФФМ го објави извештајот од анализата за последното коло од ПМФЛ и ВМФЛ.

Според анализата груба грешка е направена на натпреварот Работнички - Шкупи.

АНАЛИЗА:

На натпреварот Фк.Силекс- Фк.Македонија Ѓ.П одигран на 11.12.2022 година, анализиранисе ситуациите од 13 и 82 минута.

“Главенсудија: Александар Грујоски. Помошни судии: Куштрим Лика и Зоран Јанкулоски.

13минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТСУДИЈА (Досуден удар од 11 метри)

Играч од екипата на гостите ја имаше топката во свој посед во 16 –сетникот на домакините, во моментот кога го помина одбранбениот играч на домакините, беше соборен ( сопнат) на недозволен  начин.

Исправна одлука на главниот судија, досудено удар од 11 метри за екипата на гостите, поради недозволен старт ( сопнување).

82 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Досуден удар од 11 метри)

Играч од екипата на гостите додаде топка до соиграч кој беше странично од голот , во 16-сетникот на домакините и  над него од позади грб  со лизгачки старт предоследниот играч од одбраната на домакините сакајки да ја избие топката направи прекршок (старт на нога) над напаѓачот.

Исправна одлука на главниот судија, досуден удар од 11 метри поради недозволен старт (од позади грб), во оваа ситуација главниот судија треба да додели дисциплинска мерка жолт картон.

На натпреварот  Фк.Скопје-Фк.Струга Трим Лум одигран на 11.12.2022 година, анализирани се ситуацииите од  42 и 66 минута.

“Главенсудија: Александар СтавревПомошни судии: Дејан Костадинов и Гоце Петрески.

42 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Недосуден удар од 11 метри)

Додадена топка во 16-сетникот на домакините,  во истиот момент на неа тргнаа два противнички играчи (исто растојание и без ничив посед) и пред да биде допрена од еден од играчите, играчот од екипата на гостите скока пред да дојде до контакт со играчот од одбраната на домакините и паѓа без било кој од двајцата да ја допре топката.

Исправна одлука на главниот судија, дозволи играта да продолжи, бидејки немаше елементи за удар од 11 метри, главниот судија во оваа ситуација беше одлично поставен и имаше добра прегледност.

66 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Досуден удар од 11 метри)

Центрирана топка во 16-сетникот на гостите, играч од одбраната на гостите кој беше 6-7 метри оддалечен од центаршутот направи движење со раката (зголемува волумен) и ја сопре топката.

Исправна одлука на главниот судија, досудено удар од 11 метри за игра со рака, играчот од обраната на гостите го зголеми волуменот на раката со неговото движење, а исто така имаше и големо растојание при центаршутот, така што можеше да ја повлече раката.

На натпреварот  Фк.Брегалница –Фк.Победа  одигран на 11.12.2022 година, анализиранисе ситуациите од 10 и 38минута.

“Главенсудија:Јован Качевски. Помошни судии: Слаѓан Марковски и Давор Цветановски.

10 минута:ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( Доделен втор жолт – ЦРВЕН картон)

Играч од екипата на гостите беше во напад на средината на теренот, над него со недозволен старт  и јак интезитет стартуваше играч од екипата на домакините спречувајки го играчот во нападот.

Исправна одлука на главниот судија, досуден слободен удар и доделен жолт картон за недозволен старт, бидејки тоа беше втор жолт картон за играчот, автоматски му беше доделен Црвен картон.

38 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА, МЕЃУТОА ВЕДНАШ КОРЕГИРАНА ВО ДОБРА СОРАБОТКА И ДОБРА ПРОЦЕНКА СО ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (Досуден удар од 11 метри, меѓутоа веднаш во соработка со вториот помошен судија корегираново слободен удар за одбраната)

Играч од екипата на гостите прими топка во 16-сетникот на домакините, топката му избега од посед и на неа тргна играч од одбраната на домакините, играчот од одбраната  прв стигна до топката и потоа беше нагазнат на нога од напаѓачот на гостите, по што двајцата играчи паднаа.

Главниот судија досуди удар од 11 метри за екипата на гостите, меѓутоа веднаш во соработка со вториот помошен судија е досудено слободен удар (газење на нога) за играчот од одбраната на домакините.

Во оваа ситуација да се напомене одличната тимска работа на судиите, за носење правилни одлуки.

На натпреварот  Фк.Работнички-Фк.Шкупи одигран на 11.12.2022 година, анализирана е ситуацијатаод  17 минута.

“Главенсудија: Стојанче Трпчевски. Помошни судии: Драган Трпчевски  и Душко Панов.

17 минута:ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТПОМОШЕН СУДИЈА ( Досудено офсајд позиција- не е признаен регуларен гол)

Од удар од агол е центрирана топка во 16-сетникот на гостите, играч од нападот на домакините додава топка до свој соиграч кој во моментот на додавањето е поназад од предпоследниот играч од одбраната на гостите и и постигнува гол.

Погрешна одлука на првиот помошен судија што го поништи голот поради офсајд позиција, бидејки при момент на додавање на топката од соиграчот, играчот на домакините се наоѓаше во дозволена позиција.

Првиот помошен судија во оваа ситуација беше лошо поставен, односно остана на корнер знамецето, а не беше во линија со предпоследниот играч од одбраната на гостите и затоа немаше добра прегледност.

На натпреварот Фк. Академија Пандев-Фк.Тиквеш немаше спорни ситуации за судиска анализа.

Судиска анализа за 15 коло од ВТОРА МФЛ за сезона 22/23

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 15коло на ВТОРА МФЛ, и ги донесе следните заклучоци:

 На натпреварот  Фк.Гостивар – Фк.Караорман одигран на 10.12.2022 година, анализирани се ситуациите од 25, 41 и 78минута.

“Главенсудија: Миле Лазов. Помошни судии: Тоше Ицев и Зоран Ангелов.

25минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА И ДОБРА СОРАБОТКА СО ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА ( Досуден удар од 11 метри)

Централно додадена топка во 16- сетникот на домакините,играч од екипата на гостите ја прима топката  и на него стартува (на нога) играч од екипата на домакините и прави прекршок.

Исправна одлука на главниот судија, досуден удар од 11 метри за стартоти одлична соработка помеѓу главен и помошен судија, кој му го потврди и поддржа досудениот удар од 11 метри. 

41минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Досуден удар од 11 метри)

Играч од нападот на домакините ја имаше топката во свој посед, над него од позади грб (на задниот дел од ногата) стартуваше играч од одбраната на гостите, играчот од нападот сакаше да продолжи да игра меѓутоа од контактот изгуби чекор и падна.

Исправна одлука на главниот судија што досуди удар од 11 метри, стартот беше недозволен (на задниот дел од ногата).

78 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( Досуден удар од 11 метри)

Играч од екипата на домакините додаде топка централно  во 16-сетникот на гостите, до неа прв стигнува играч од нападот на домакините и играчот од одбраната на гостите со старт во нозе  прави прекршок над напаѓачот.

Исправна одлука на главниот судија, досуден удар од 11 метри поради недозволен старт (на нога) над противникот.

На натпреварот Фк.Беса- Фк.Пехчевоодигран на 10.12.2022 година, анализирана е ситуацијата од 85минута.

“Главенсудија: Дени Лековски. Помошни судии: Петар Степановски и Никоче Дрнкоски.

85 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Доделен втор жолт- ЦРВЕН картон)

Играч од екипата на домакините беше во посед на топката странично од голот на гостите, играч од одбраната на гостите прави недозволен старт над играчот од нападот и спречи ветувачка акција.

Исправна одлука на главниот судија, досуден слободен удар и доделен жолт картон за играчот од одбраната на гостите, поради недозволен старт (спречување ветувачка акција),бидејќи