ФФМ има посебна порака за навивачите по дуелот со Малта

ФФМ со посебна благодарност до навивачите по победата против Малта.
Фудбалската федерација на Македонија и стручниот штаб на нашата најдобра селекција, од срце упатува голема благодарност до сите вас кои дојдовте да им дадете поддршка на македонските репрезентативци на Националната арена „Тодор Проески“ на натпреварот против Малта.

Навистина сме горди на тоа што со поддршка од Вас, фудбалерите покажаа одлучност, самодоверба и почит кон дресот на македонската репрезентација за важна победа на почеток од квалификациите за ЕП 2024.

Се радуваме на следните предизвици.

Убедени сме дека ќе бидеме на највисоко ниво и на следните натпревари и одново ќе имаме причина за славје пред полни трибини на Националната арена.

До следниот натпревар, НАПРЕД МАКЕДОНИЈА, се вели во соопштението на ФФМ.