ФФМ: Конкурс за УЕФА - Ц курс

Ве информираме дека едукативниот центар при ФФМ отвора конкурс за заинтересирани кандидати за упис на УЕФА Ц курс.

За таа цел, секој заинтересиран кандидат е неопходно да го пополни онлајн прашалникот подолу кој е отворен до 16.04.2023. По овој датум, прашалникот автоматски станува неактивен, а понатамошната комуникација во врска со курсот ќе продолжи единствено по е-маил и единствено со кандидатите кои уредно прашалникот.

Непополнувањето на прашалникот ќе значи неможност за учество на претстоен УЕФА Ц курс заклучно со Јуни 2023. Следна можност за пријавување заинтересираните кандидати би имале најрано во Август 2023, и тоа за курс/еви кои би се организирале не порано од Септември 2023 а заклучно со крајот на оваа календарска година.

Кон пополнување на прашалникот може да се пристапи на линкот подолу.

https://forms.office.com/e/SeFHgZ5pdL

Пред негово пополнување, молиме добро да се погледнат критериумите за учество на УЕФА Ц курс објавени во детали во документот подолу, како сите заинтересирани кандидати би знаеле дали ги исполнуваат основните услови за учество на УЕФА Ц курс.