ФФМ: На Агенцијата за млади и спорт и додаваме уште една награда, оваа ја заборавија !
Изборот на најдобрите за 2022 година во спортот предизвика лавини на реакциии, реагираше и Фудбалската федерација, уште еден спортски чин на АМС која успеа да направи да се „фатиме за глава“ …
Победата против Италија е најголема во историјата на македонскиот фудбал, АМС повторно ја заборави ФФМ, или намерно ја игнорира, но не смееше да не се „сети“ на овој успех!
ФФМ реагира со објава на својата Фејсбук страна, Европскиот првак Италија падна во Палермо, но за АМС нема „провокација“ за награда, од куќата на фудбалот им ја додадоа:
Во последните неколку години мислевме дека видовме сè од Агенцијата за млади и спорт, но секогаш успеваат да направат повторно да се „фатиме за глава“.
Од сите доделени награди, додаваме и една што не беше доделена:
Македонската фудбалска репрезентација во 2022 година ја оствари најголемата победа во својата историја.
Европскиот првак, Италија падна во Палермо.