ФФМ работи одлично, позитивен финансиски биланс кој ќе биде искористен за инфраструктура

Фудбалската федерација на Македонија денеска  одржа Редовното генерално собрание, на кое  беа присутни 60 делегати.

Претседателот Муамед Сејдини потенцираше дека Куќата на фудбалот ќе продолжи да биде сервис на македонскиот фудбал и да работи напорно за остварување на целите.

ФФМ работи во позитива,  во добивка е од околу 4,2 милиони евра. 

Претстојната година ќе биде насочена кон подобрување на инфраструктурата на комплексот „Петар Милошевски“.