ФФМ со обука на вработените на тема: Родова еднаквост, дел од Прогрес - Еразмус плус проектот
Фудбалскaта федерација на Македонија е дел Прогрес - Еразмус плус проектот за промовирање на родовата еднаквост во спортот.
Општата цел на проектот ПРОГРЕС е да се промовира родовата еднаквост, да се поттикне социјалната вклученост и еднаквите можности во спортскиот сектор, конкретно во фудбалот, преку промовирање на родовата интеграција во фудбалските федерации и асоцијации.
Како завршни активности во проектот меѓу другите е и реализација на еднодневна обука за вработените на ФФМ според прирачник кој што е развиен во текот на проектот од страна на академскиот партнер, Униморе Универзитетот од Италија со придонес на сите учесници на проектот.Материјалите за обука и прирачник како да се изведе истата ќе бидат достапни на веб - страницата на проектот и ќе бидат наменети за електронско учење на било кој што е заинтересиран за оваа проблематика.
На страната на проектот има прашалник и со одговарање ќе добиете резултат каде се наоѓа вашата спортска организација во поглед на постоечките докажани добри практики во Европа.
Посветете неколку минути од вашето време за прашалникот и откријте каде се наоѓа вашата федерација во поглед на родовата еднаквост и добијте препораки што треба да спроведите за да постигнете избалансирани можности за мажите и жените во вашата спортска организација:
http://questionnaire.vacilos.com/prepare
На интерактивната обука за вработените на ФФМ беа обработени следнте теми:
- Што е вклучување на родовите аспекти во главните политики и зошто тоа ни е потребно?
-Кои се добри практики на вклучување на родовите аспекти во главните политики во спортските организации и што е применливо кај нас.
-Што значи вклучување на родовата еднаквост во организациските политики и стратегии и кои методологии и алатки можат да се искористат.
Анализата на актуелната ситуација во ФФМ од страна на учесниците во поглед на родовата еднаквост и идеите кои произлегоа од работата по групи даде корисни идеи за тоа каде треба да се движиме во иднина и која е визијата за ФФМ како федерација на иднината со еднакви можности за сите.
Повеќе информации за проектот ќе најдете тука:
PROGRES Website
Follow us on social media
https://www.facebook.com/progresproject
https://www.instagram.com/progres_project