ФФМ судиска анализа, неколку погрешни одлуки во ПМФЛ и ВМФЛ

ФФМ транспарентно ја објави новата анализа од викенд програмата во ПМФЛ и ВМФЛ.

Според анализата на судиската комисја, неколку погрешни проценки во двете конкуренции.

АНАЛИЗА: 

На натпреварот  ФК Струга Трим Лум - ФК  Шкендија одигран на 12.11.2022 година, анализирана е ситуацијата од 32 минута.

Главен судија: Александар Ставрев. Помошни судии: Дејан Костадинов и Гоце Петрески.

32 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Недосуден удар од 11 метри)

Играч од екипата на домаЌините  беше во посед на топката странично во шеснаесетникот на гостите, доаѓа до минимален контакт со играч од одбраната на гостите, каде што играчот од одбраната не прави никакво движење со ногата, тој контакт играчот од домаќините сакаше да го искористи да изнуди удар од 11 метри и падна.

Исправна одлука на главниот судија, доссуден индиректен слободен удар за екипата на годтите и доделен жолт картон за симулација за играчот кој сакаше да изнуди удар од 11 метри.

На натпреварот  ФК Тиквеш – ФК Работнички одигран на 12.11.2022 година, анализирана е ситуацијата од 85 минута.

Главен судија: Александар Грујоски. Помошни судии: Куштрим Лика и Зоран Јанкулоски.

85 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( Доделен втор жолт – ЦРВЕН картон)

Играч од екипата на гостите беше во посед на топката пред шеснаесетникот  на домаќините, одбранбен играч од домаќините направи старт на ногата на играчот од гостите, без притоа да има можност да игра со топката.

Исправна одлука на главниот судија, досуден слободен удар за гостите, и доделен жолт картон за неспортски старт на нога за играчот на домаќините, бидејки тоа му беше втор жолт картон на играчот, автоматски му беше доделен ЦРВЕН картон.

На натпреварот  ФК Шкупи – ФК Скопје одигран на 12.11.2022 година, анализирани се ситуациите од 3, 28 и 74 минута.

Главен судија: Игор Стојчевски. Помошни судии: Давор Цветановски и Мартин Дејаноски.

3 минута:  ПОГРЕШНА ОДЛУКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (Недосудено офсајд позиција)

Центрирана топка во шеснаесетникот на домаќините, играч од екипата на гостите во моментот на центаршутот се наоѓаше позади предпоследниот играч од одбраната на домакините (во офсајд позиција), истиот ја додаде топката до свој соиграч кој направи уште едно додавање и се постигна гол.

Погрешна проценка на првиот помошен судија што го призна голот, требаше да се досуди индиректен слободен удар (офсајд) за гостите, бидејки при примањето на топката од центаршутот, играчот на гостите се наоѓаше во недозволена  офсајд позиција.

28 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Недосуден удар од 11 метри)

Во шеснаесетникот на гостите топката се одби од земја и играч од екипата на гостите сакајки да ја прими топката го удри во градите и после во рака која му беше спуштена доле и во природна положба.

Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејки играчот прво ја смири топката со гради и потоа таа го удри во раката која му беше во прирона положба.

74 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (Досудено офсајд позиција)

Играч од екипата на домаќините упати удар кон голот на гостите, голманот ја одби топката и таа дојде до соиграч на играчот што го упати ударот и постигна гол.

Исправна одлука на првиот помошен судија, голот е поништен и  досудено е офсајд позиција, бидејќи во моментот кога играчот го упати ударот кон голот, неговиот соиграч што го постигна голот се наоѓаше понапред од предпоследниот играч од одбраната на гостите.

На останатите натпревари од ПРВА МФЛ немаше спорни ситуации за судиска анализа.

   

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 12 коло на ВТОРА МФЛ и ги донесе следните заклучоци:

На натпреварот ФК Вардар – ФК Беласица одигран на 13.11.2022 година анализирана е ситуацијата од 20 минута.

Главен судија: Димитар Пилешков. Помошен судија: Петар Новачев и Александар Гигов.

20 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Недосуден удар од 11 метри)

Играч на домаќините додаде топка во шеснаесетникот на гостите централно од голот, на топката тргнаа двајца противнички играчи истовремено, играчот на гостите ја изби топката пред ногата на играчот на домаќините и дојде до контакт меѓу нив, потоа топката се одби до друг играч од екипата на домаќините кој беше во очигледна шанса за гол, но промаши.

Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејки играчот на гостите прв стигна до топката и ја удри, а отпосле дојде до контакт меѓу играчите.

Одлична поставеност на главниот судија кој беше на само два метра од целата ситуација и имаше добра прегледност.

На натпреварот ФК Арсими – ФК Воска одигран на 12.11.2022 година анализирана е ситуацијата од 20 минута.

Главен судија: Кирил Смоквоски. Помошен судија: Иле Мишески и Марјан Смилкоски.

20 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Досуден удар од 11 метри)

Играч на гостите додаде топка кон свој соиграч во шеснаесетникот на домаќините, двајца противнички играчи тргнаа на топката, играчот на домаќините прв стигна до топката и со лизгачки старт ја удри, а потоа играчот на гостите падна и судијата досуди удар од 11 метри.

Погрешна одлука на главниот судија, досуден е удар од 11 метри. Во оваа ситуација немаше контакт помеѓу противничките играчи, играчот на домакините прв стигна до топката, исправно стартуваше и ја изби топката, главниот судија требаше да дозволи играта да продолжи.

На натпреварот ФК Охрид – ФК Гостивар одигран на 12.11.2022 година анализирани се ситуациите од 9, 53 и 90+5 минута.

Главен судија: Крумислав Ѓорѓиев. Помошен судија: Драган Трпчевски и Христијан Џонов.

9 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( Доделен ЦРВЕН картон)

Играч од гостите ја имаше во посед топката пред својот 16 -  сетник, на него со лизгачки старт (јак интензитет) од која едната нога беше во пределот на потколеницата стартуваше играч од домакините и направи груб прекршок..

Исправна одлука на главниот судија, досуден слободен удар за одбаната на гостите и доделен ЦРВЕН картон за играчот за груб старт ( лизгачи старт во предел на потколеницата).

53 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( Не досуден удар од 11 метри)

Екипата на домакините изведе корнер и ја упати топката во шеснаесетникот на гостите, во букетотот од играчи, играч од домаќините ја удри топката со глава, и таа  удри во раката на играч од гостите кој првично при центаршутот раката му беше во неприродна положба, но во моментот кога топката го удри во рака таа му беше спуштена надолу  и дистанцата помеѓу играчите беше премногу мала. Главниот судија беше многу блиску ситуацијата и имаше одлична прегледност.

Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејки во моментот кога топката удри во раката на играчот, таа беше спуштена надолу и беше многу кратка дистанца помеѓу играчите.

90+5 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( Доделен втор жолт -  ЦРВЕН картон на погрешен играч)

Топката не беше во ничив посед и на неа стартуваа со лизгачки страт двајца противнички играчи, играчот од гостите во стартот малку закасни и направи старт на нозете на играчот од домакините и направи прекршок.

Досуден исправно слободен удар за домаќините, меѓутоа погрешна одлука за доделен втор жолт (ЦРВЕН) картон за играчот на гостите, бидејќи тоа му беше прв жолт на играчот, во оваа ситуација главниот судија направи голем превид. Исто така 4 – тиот судија мора во оваа ситуација да му даде информација на главниот судија за погрешно дадениот Црвен картон.

Судиската комисија исто така не е задоволна од некои судиски одлуки донесени од страна на вториот помошен судија Христијан Џонов .

На натпреварот Фк.Караорман –Фк. Пехчево одигран на 13.11.2022 година анализирана е ситуацијата од 90+5 минута.

Главен судија: Владимир Ѓорѓиевски. Помошен судија: Јовче Кокески и Николче Николовски.

90+5 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Досуден слободен удар – не е признаен регуларен гол)

Центрирана топка од слободен удар за домакините во шеснаесетникот на гостите, двајца противнички  играчи беа еден до друг, играчот на домаќините со глава ја удри топката и постигна гол, а главниот судија досуди слободен удар за играчот на гостите (за туркање).

Погрешна одлука на главниот судија што досуди слободен удар за гостите, бидејки играчот на домаќините не направи прекршок (немаше никакво туркање) над играчот на гостите. Голот беше регуларен и требаше да биде признаен.

На натпреварот ФК Пелистер – ФКТетекс одигран на 13.11.2022 година анализирани се ситуацијата  од 16 и 87 минута.

Главен судија: Бенјамин Керими. Помошен судија: Климент Ристоски и Јован Анѓелкоски.

16 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Недосуден удар од 11 метри)

Играч на домаќините прими топка од соиграч во шеснаесетникот на гостите, на него (на нога) стартуваше со интензитет играч од гостите.

Иако главниот судија е одлично поставен во оваа ситуација, донесе погрешна одлука што дозволи играта да продолжи, стартот беше со интензитет и директно на ногата на противникот, во оваа ситуација требаше да се досуди удар од 11 метри за домакините.

87 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА(Недосудено офсајд – гол регуларен)

Играч од екипата на домаќините додаде топка до свој соиграч кој во моментот на додавање беше во линија со предпоследниот играч од одбраната на гостите, ја прими топката и постигна гол.

Исправна одлука на првиот помошен судија, голот е регуларен, бидејки играчот на домакините при додавањето на топката од соиграчот се наоѓаше во дозволена позиција (во линија со предпоследниот играч од одбраната).

На натпреварот ФК Кожуф – ФК Слога Виница одигран на 13.11.2022 година анализирана е ситуацијата  од 71 минута.

Главен судија: Фуркан Идризи. Помошен судија: Дарко Јовчевски и Идриз Идризи.

71 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Досуден удар од 11 метри)

Играч од екипата на домакините прими топка странично во шеснаесетникот на гостите, на него (на нога) од позади грб стартуваше играч од екипата на гостите и направи прекршок.

Исправна одлука на главниот судија, досуден удар од 11 метри  за старт на нога од позади грб и доделен жолт картон.

На останатите натпревари од 2 МФЛ немаше спорни ситуации за судиска анализа.