Спорт // Спорт
ФФМ упати порака до навивачите, импресивно и безусловно ја бодревте Македонија, ветуваме славје на следните натпревари
ФФМ со порака до навивачите по мечот со Бугарија, резултатот не оној кој сите го посакувавме, но во иднина ветуваме славје, поддршката од фановите е безусловна, трајна...
Драги наши навивачи,
Од срце упатуваме голема благодарност до сите вас кои дојдовте од сите краеви на Македонија да им дадете поддршка на македонските репрезентативци на Националната арена „Тодор Проески“ на натпреварот против Бугарија.
Беше навистина импресивно да се види како и на дожд, повеќе од 20 илјади луѓе, безусловно ја сакаат и бодрат Македонија.
Од првата до последната минута.
На сите ни е жал што репрезентацијата и покрај големиот напор не успеа на крајот да оствари позитивен резултат, но длабоко сме убедени дека ќе бидеме на највисоко ниво на следните натпревари и одново ќе имаме причина за славје пред полни трибини на Националната арена.
До следниот натпревар, НАПРЕД МАКЕДОНИЈА !