ФИБА ЈА ПОДДРЖУВА ОДЛУКАТА НА КФСМ, ТОА Е ДИСКРЕЦИСКО ПРАВО НА НАЦИОНАЛНИТЕ ФЕДЕРАЦИИ

Генералниот секретар на ФИБА, Андреас Заглис, ја поздравува одлуката на нашата федерација за прекин на шампионатот

Одлуката на Кошаркарската федерација на Северна Македонија да го прекине националното првенство без промоција на шампион или испаѓање, е дискрециско право на федерацијата, порача генералниот секретар на ФИБА, Адреас Заглис.

Во писмото упатено до претседателот на КФСМ, Перо Антиќ, Заглис нотира:  

„ФИБА прифаќа и ги поддржува Националните федерации кои го користат своето дискреционо право во интерес за безбедноста на играчите, тренерите, службените лица и гледачите, се додека има таква дискреција вежба во согласност со важечките правила и прописи“.