ФИФА го одреди судијата за финалето Аргентина - Франција на мундијалот во Катар

ФИФА го одреди судијата за финалето на светското превенство во Катар, Шимон Марчињак од Полска ќе биде главен во арбитражата  меѓу Франција и Аргентина во недела од 16 часот.

Куриозитет е дека Марчињак е  еден од ретките светски судии што има привилегија да суди меч за титулата на светско првенство кој доаѓа од Европа  претходно да нема судено финале во Лигата на шампионите.

Марчињак кој има 41 година, беше главен судија на  Суперкупот на УЕФА меѓу Реал Мадрид и Атлетико Мадрид во 2018 година.