Спорт // Спорт
ФИФА одреди нов датум за почеток на Мундијалот во Катар, се задржува традицијата
ФИФА одреди нов датум за почеток на Светското фудбалско првенство во Катар, има промена во календарот, на барање на домаќинот.
Светското првенство Катар, ќе започне ден порано од предвиденото, наместо на 21 ноември, ќе тргне ден порано со натпреварот меѓу домаќинот Катар и Еквадор.
Првично беше предвидено првенството да започне на 21 ноември со дуелот меѓу Сенегал и Холандија.
Со оваа одлука, задржана и традицијата Мундијалот да го отвори домаќинот или светскиот шампион, инаку титулата во Катар ќе ја брани репрезентацијата на Франција.