Спорт // Спорт
ФИФА одреди, познат англиски судија на мечот Хрватска -Бразил
ФИФА ги одреди судиите за утрешните две четвртфинални средби на мундијалот во Катар.
Хрватска се среќава со еден од најголемите фаворит на светското првенство, селекцијата на Бразил, петок 16.00 часот, за главен судија е одреден познатиот англиски судија Мајкл Оливер, кому ќе му помагаат Стјуарт Барт и Гери Бесвик.
Мајкл Оливер има 37 години, од 2012 година е со знакот на елитните судии на ФИФА.
Второто четвртфинале кое се игра од 20.00 часот меѓу Холандија и Аргентина, ќе го суди шпанскиот судија Матеу Лахос од Шпанија.