ФИФА ранг листа: Симболичен пад на Македонија од две позиции по дуелите во Лигата на нации

Македонската фудбалска репрезентација, на најновата ранг листа на ФИФА, има пад од симболични две позиции по јунските мечеви во Лигата на нации. 

Македонија  сега се наоѓа на 64.позиција, по двете победи против Гибралтар, нерешениот меч со Бугарија и поразот од Грузија во Скопје. 



Од противниците на Македонија во  Лигата на нации,  Бугарија која е на 74.  место, па следуваат, Грузија на 82. место и Гибралтар е на 201.позиција.

На врвот на ранкингот на ФИФА е селекцијата на Бразил, следуваат, Белгија, Аргентина, Англија и Шпанија.