ФИКС ПРЕМИУМ ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТ НА СИЛК РОУД БНКА СО ФИКСНА КАМАТНА СТАПКА ЗА ЦЕЛ ПЕРИОД НА ОТПЛАТА

Во насока на задоволување на потребите на своите клиенти, Силк Роуд Банка нуди Фикс Премиум потрошувачки кредит со конкурентни услови на пазарот и одлична, фиксна каматна стапка од 5.45% за целиот период на отплата.
Потрошувачкиот кредит на Силк Роуд Банка е наменет за физички лица, вработени во редовен работен однос на неопределено или определено време во државни институции финансирани од Буџет на РСМ, финансиски институции – банки, осигурителни компании, акционерски друштва, вработени во компании на позитивна листа прифатливи за Банката и пензионери.
Максималниот износ на кредитниот производ е 1.500.000 денари, со вклучена полиса која обезбедува заштита и сигурност за корисникот и неговото семејство за период од максимум 95 месеци.
Понудата е дизајнирана за да ги олесни финансиските оптоварувања, дозволувајќи им на клиентите да се фокусираат во остварување на своите планови.
Силк Роуд банка се грижи за финансиското здравје на своите клиенти, верува во иднината и настојува секогаш да излезе во пресрет на потребите на своите клиенти во актуелното динамично опкружување.
Повеќе информации за кредитот клиентите можат да добијат на официјалната веб-страницана банката, да се обратат на телефонскиот број 02 32 51 900 или во најблиската експозитура.