Спорт // Спорт
Филип Ивановски помошник на Горан Симов во Македонија ЃП
Филип Ивановски досегашниот тренер на пионерите,од оваа недела ќе се приклучи на стручниот штаб на Горан Симов како прв асистент тренер.
Филип во својата играчка кариера во период од 2004 до 2007 г. беше член на нашиот клуб, на 48 натпревари постигна 32 гола.
Во финалето од Купот од 2006 г. го постигна победничкиот гол против Шкендија во последната минута од натпреварот за нова радост на Ѓорче - прва куп титула.