Филипче: Пет нови позитивни пациенти, се затвараат сите гранични премини и Аеродромот
Mинистерот за здравство, Венко Филипче соопшти дека има пет нови позитивни пациенти, и двајца кои се тестирани во друга лабораторија кои ќе треба да се потврдат.
Позитивна е жена на возраст од 54 години од Скопје, која се вратила од Холандија. Се контактираат луѓето кои со неа допатувале во авион од Виена.
„Најдени се контакти од сите од семејството, контактирани се членовите на фамилијата, возачот на таксито којшто ја возел од аеродром до дома“, вели министерот.
Другите позитивни се од градот Дебар. Уште два случаи треба да се потврдат утре, иако веќе се тестирани, а се работи за луѓе од Скопје.
Во болницата кај Жан Митрев се пожалиле на симптоми двајца луѓе, тие се позитивни, но ќе треба тие тестови да се потврдат.
Сега на Клиника за инфективни болести има 14 пациенти, вели Филипче.
Ќе се затворат сите гранични премини, одлучила Владата.
Се затвора и Аеродромот во Скопје по 48 часа.