Филмот со Бред Пит за Формула 1 влегува меѓу 10-те најскапи во историјата

Најновите информации сугерираат дека не се штедело за создавање на нов филм во Формула 1.

Речиси две години откако медиумите објавија за новиот филмски спектакл на тема Формула 1, дознаваме и некои новости. Тогаш дознавме дека Бред Пит ќе биде во главната улога, а филмските права ги купи Apple. Филмот ќе го режира Џозеф Косински, режисерот на Топ Ган: Маверик, а главни продуценти ќе бидат Џери Брукхајмер и седумкратниот Ф1 шампион Луис Хамилтон.


Тогаш се споменуваше буџет од значителни 140 милиони долари. Последната вест е дека трошоците се драстично зголемени. Имено, последните информации велат дека буџетот надминал 300 милиони долари, со што овој филм за Формула 1 е еден од десетте најскапи филмови во историјата.

Филмот зборува за пензиониран возач (Бред Пит) кој излегува од пензија и се натпреварува против најсилниот во тимот со млад возач.


ФОТО: Твитер