Фитнес митови во кои треба да престанете да верувате
Ја откриваме вистината зад најпопуларните фитнес митови...
Сигурни сме дека сте слушнале безброј митови за фитнес, теретана и исхрана. Иако некои од нив се вистинити, повеќето од нив немаат никаква врска со вистината. Затоа решивме да ви ги претставиме 4-те најпопуларни митови во кои сите веруваат кога се во прашање фитнесот и исхраната.
1. Кревањето тегови ќе ви ја зголеми масата и мускулите
Да разјасниме, теговите се основа за зголемување на масата и мускулите, но само со нивно кревање не се постигнуваат големи резултати. Треба да правите комбинирани вежби заедно со тегови за правилно да ги активирате мускулите. Исто така, ако вашата исхрана е лоша и нискокалорична и енергија, тежините нема многу да ви помогнат.
2. Станувате помалку флексибилни
Огромен број луѓе мислат дека ако вашите мускули се поголеми, тоа значи дека сте помалку флексибилни. Ова е целосно неточна информација. Флексибилноста зависи исклучиво од тоа колку ќе го тренирате вашето тело на тоа поле. Големината на мускулите нема да влијае на вашата флексибилност, па ако правите редовни вежби за истегнување, ќе откриете дека се уште сте добро тонирани.
3. Кардио вежбите се доволни
Ова обично го кажуваат оние луѓе кои треба да ослабат. Кардио вежбите се најдоброто решение за слабеење, но ако правите само вежби од овој тип, нема да биде добро. Мора да комбинирате кардио со вежби за сила ако сакате да постигнете совршена сила и дефиниција на мускулите.
4. Јаглехидратите се лоши
И ова не е целосно точна информација. Јаглехидратите во големи количини можат да бидат штетни, но сами по себе носат многу енергија и сосема е во ред ако одвреме-навреме внесувате јаглехидрати во вашето тело. Од нив нема да се здебелите ако ги јадете умерено. Прејадувањето и претерувањето со храна е она што ќе ве натера да се здебелите.