ФК Победа со посебна благодарност до ФФМ, Муамед Сејдини и Филип Поповски

Прволигашот ФК Победа, упати благодарност до ФФМ и раководството на нашата најуспешна спортска федерација.

Повод е реализација на сите активности со цел успешна органзација на двомечот од Младинската лига на шампиони со Колерајн.

Соопштението на ФК Победа го објавуваме во целост: 

Благодарност до ФФМ

ФК Победа АД изразува јавна благодарност за сета подршка и логистика што нашиот клуб ја имаше од органите и телата на ФФМ, Претседателот Сејдини, Генералниот секретар Поповски и сите инволвирани поединци од кои ја имавме несебичната помош во успешната организација и реализација на сите активности со цел успешна органзација на двомечот од Младинската лига на шампиони со Колерајн.

Господа, наша беше честа што ја имавме можноста да соработуваме со професионалци кои имаат долгогодишно искуство во организација на сите натпревари на националните селекции.

Ви благодариме за Вашата помош на ФК Победа со цел достојна презентација на нашиот клуб, градот Прилеп, македонскиот фудбал и нашата Македонија на меѓународна сцена и пред органите и телата на УЕФА.