Спорт // Спорт
                    
                    
                
                
                ФК Вардар се огласи, важни вести од таборот на црвено-црните
 
                    ФК Вардар потврди дека спортскиот директор Александар Бајевски го продолжи договорот со нашиот клуб за наредните 3 години и моментално активно работи на засилувања за наредната сезона за кои што ќе бидете известени во наредниот период.
Бобан Грнчаров е назначен за шеф на стручниот штаб во наредните 3 сезони кој како вршител на должноста тренер на Вардар во целост ја оправда укажаната довербата.
Помошници на тренерот ќе бидат Златко Таневски и Един Нурединовски.
 
                    