Фондацијата „Saint-Gobain Initiatives“ и Хабитат Македонија со нова донација ќе реновираат два објекти за социјално загрозени семејства во општина Чашка

Компанијата Saint-Gobain преку Фондацијата Saint-Gobain Initiatives донира 70.000€ за реконструкција на 2 објекти за социјално загрозени семејства во општина Чашка. Донаторскиот проект ќе се реализира во соработка со Хабитат Македонија која ќе учествува со 17.000€, и во координација со општина Чашка која е и сопственик на двата објекти. За да се означи почетокот на проектот денес во просторииите на Хабитат Македонија е потпишан и меморандум за соработка помеѓу Хабитат и општина Чашка.

Saint-Gobain како светски лидер во производството на лесни и одржливи градежниматеријали, со оваа донација ќе го реконструира дневниот центар за социјално ранливите лица во општина Чашка и ќе овозможи подобрување на условите за домување на 8 социјално загрозени семејства со вкупно 20 членови. 

Дополнително, со цел поттикнување на нови можности за вработувања во градежниот сектор и економски придонес на локално ниво, со оваа донација ќе се овозможи и обука на 10 младилицаза сертификација за градежни работници во приватната образовна институција “Ванчо Прќе-Штип. Со тоа ќе им се помогне на младите од општина Чашка полесно да се вработат во градежниот сектор, како рурална заедницаво која нема многу можности за вработување на младите.

Со донацијата се опфатени два објекти со дневен центар за стари лица и со апартмани за домување на социјално загрозени лица кои ќе бидат комплетно реновирани со термо енергетска фасада, подови, хидроизолација на бањи и покрив, подни и ѕидни опшивки, олуци и нови прозорци и врати.

Ова е трета донација на компанијата Saint-Gobain во Македонија. Во изминатиот период, Saint-Gobain во соработка со Habitat Македонијаима донирано околу 80.000€ за проектот „Енегретска ефикасност на на Здружението на пензионери во Кавадарци” и за проектотРеконструкција и енергетска ефикасност на Центарот за помош на лица со ментален хендикеп Порака - Неготино”.

„Kако социјално одговорна компанија, Saint-Gobain поддржува проекти за изградба или реновирање на простори за живеење на луѓе од социјално ранливи категории, придонесувајќи за намалување на потрошувачката на енергија и зачувување на животната средина.Во рамките на овие проекти исто така промовираме и поддршка за професионалната интеграција и образование,  преку стручно доусовршување на млади лица со фокус на градежните професии.Покрај финансиската поддршка, ние даваме и техничка подршка за време на реализацијата на овие проекти. Горди сме на оваа наша трета донација во Македонија и веруваме дека придобивките од нашата донација, ќе обезбедат далеку поодржливи и подостоинствени услови за живот во овие два објекти во општина Чашка. “, изјави Томаш Росак, Главен извршен директор на Saint-Gobain за Источна Европа.

„Хабитат Македонија, како единствена граѓанска организација која ја опфаќа областа на супстандардното домување, во изминативе години е носител на повеќе вакви иницијативи за подобрување на енергетската ефикасност и квалитетот на домување во локалната заедница, особено за најранливите групи на граѓани. Проектите се спроведуваат со општествено одговорни компании од корпоративниот сектор, и особено сме благодарни што веќе по третпат Фондацијата Saint-Gobain Initiatives во нас препозна партнер со заедничка визија и вредности, и се надевам дека таа соработка ќе продолжи и понатаму.“ – изјави Зоран Костов,  Директор на Хабитат Македонија.

„Како мала и рурална локална средина, сами можеме многу малку да придонесеме за подобрувањето на условите за живот за ранливите категории на граѓани. И секоја донација е повеќе од добродојдена. Со реконструкција и подобра енергетска ефикасност на објектите, се создаваат похумани услови за живот за социјално загрозените семејства, како и за пензионерите во нашата општина, и на тој начин помагаме на оние на кои најмногу им е потребна помош“ – изјави градоначалникот на општина Чашка Горан Стојановски. 

Реконструкцијата и енергетско ефикасната обнова на овие два објекти се планира да заврши во период од една година, а Saint-Gobain и Хабитат Македонија преку овој проект сакаат да ги зајакнат капацитетите и потенцијалите на ранливите категории, нивната интеграција во локалната заедница и поддршка во справувањето со сите социјални предизвици.

За Saint-Gobain

Светски лидер во лесна и одржлива градба, Saint-Gobain дизајнира, произведува и дистрибуира материјали и услуги за градежните и индустриските пазари. Нејзините интегрирани решенија за реновирање на јавни и приватни објекти, лесна градба и декарбонизација на градежништвото и индустријата се развиваат преку континуиран процес на иновации и обезбедуваат одржливост и перформанси. Посветеноста на Групацијата е водена од нејзината цел, “MAKING THE WORLD A BETTER HOME”.

€51.2 милијарди евра во продажба во 2022 година
168.000 вработени, присутност во 75 земји
Посветени на постигнување јаглеродна неутралност до 2050 година

ЗА SAINT-GOBAIN Претставништвото во Македонија

Saint-Gobain претставништвото во Македонија е присутно на градежниот пазар во Македонија од 2014 година преку трите брендови Weber, Rigips и Isover.

www.saint-gobain.mk

За Хабитат-Македонија

Здружението за хумано домување Хабитат-Македонија е невладина и непрофитна организација посветена на обезбедување едноставни, пристојни и пристапни решенија за живеалишта на оние што живеат во услови на сиромаштија, без разлика на нивната етничка, полова и религиозна припадност. На тој начин ние им овозможуваме напуштање на условите на сиромашна животна средина и подобрување на квалитетот на нивниот живот. На оваа група лица ние им обезбедуваме експертиза за градба, како и градежни материјали што ќе им овозможи поседување на сопствено живеалиште по отплаќањето на поволниот заем. Исто така, Хабитат Македонија интензивно работи на обезбедување на енергетски ефикасно домување, на интеграција на најранливите групи, како и на обезбедување на подобри услови за домување на сите граѓани преку поддршка на ниво на заедница и секторот домување. Во настојувањето да го збогатиме и подобриме животот нашите партнер - семејства и нивните заедници, сите здружени во оваа мисија сме водени од четири суштински вредности - Посветеност, Почитување, Интегритет и Надзорство (грижа). Од започнувањето на првиот проект во 2005 година, Хабитат Македонија досега преку своите активности има поддржано повеќе од 12.000 семејства во Македонија.

www.habitat.org.mk

www.facebook.com/HFHMacedonia/ , twitter @HFHMacedonia,

For more information about Saint-Gobain, visit www.saint-gobain.com and follow us on Twitter @saintgobain