(ФОТО) Аеродром во Литванија ја откри елката: Украсите кријат неверојатна порака

Аеродромот во Вилнјус во Литванија ја накити највпечатливата елка која е некогаш забележаната на некој аеродром.

Вработените одлучиле елката да ја украсаст со ножеви, куршуми, ножици, запалки... Наместо гранки поставеи се ножици во зелена боја и различни предмети како украси. Покрај ножевите и запалките, додале и неколку куршуми и лажни пиштоли, пишува Independent. Сите овие работи се запленети од патниците кои пробувале со нив да влезат во авион.

Според зборовите на вратените, елката која е висока 1,5 метри крие важна порака за сите посетители и патници на аеродромот.

„Многу е важно да се испрати порака и да се едуцираат луѓето за значењето на безбедноста на аеродромот“ - рече потпаролот на аеродромот Вилнјус.

Од патниците се одзимаат работи кои се забранети во рачниот багаж, па доколку не сакате да останете без вашите драги работи, подобро проверете го пред да се качите на авион.

View this post on Instagram

A post shared by 'Antanas Skindzera (@antanas.skindzera) on


View this post on Instagram

A post shared by Lithuanian Airports (@vilnius_kaunas_palanga_airport) on