(ФОТО) Актерот ја победи зависноста од алкохол и се врати дома
Кој може да заборави на легендарната серија „Game of Thrones“ и на омилениот лик Џон?
Познатиот актер Кит Харингтон е забележан со нова фризура во
опуштено друштво со пријателите во Лондон, откако го напушти познатиот
рехабилитационен центар.
Ѕвездата на популарната серија е фотографиран со непознати пријатели како пие вода во еден од познатите хотели. Неодамна Кит го напушти велнес центарот во Конектикат, каде во јуни месец беше префрлен за да се лечи од стрес и зависност од алкохол, пишува „Метро“.
Облечен во бела кошула и фармерки, тој изгледал прекрасно. Минатиот месец, Кит заедно со својата сопруга ја прославија годишнината од бракот во Британија.
Судбоносното „да“ го кажаа на 23 јуни 2018 година во Шкотска и ја прославија првата годишнина во јуни, неколку дена после неговото враќање од терапија. Според извори блиски на парот, тој ден тие го поминале заедно уживајќи во топлото летно време во Лондон.
„Додека тој беше на терапија, Роуз се собра и целосно се повлече од јавноста. Целата нивна сила беше пренесочена кон заздравувањето на Кит. И сега навистина изгледа подобро. Двајцата заедно се многу среќни“ – изјави еден од нивните пријатели.