ФОТО: Алиоски нов играч на Фенербахче

Езџјан Алиоски и официјално е нов фудбалер на турскиот Фенербахче.

Клубот од Турција кој е еден од најголемите во оваа земја, потврди дека има начелен договор со македонскиот репрезентативец.

Официјална промоција се очекува утре,  Алиоски ќе дојде како позајмен играч од Ал Ахли на една сезона.

Алиоски беше поврзуван со трансфер во Турција, во игра беа Трабзон и Бешикташ, а на крајот заврши во  тим кој е поранешен на Елјиф Елмас.