Спорт // Спорт
ФОТО: Алиоски претставен кај Фенербахче, прва изјава за турските медиуми
Езџјан Алиоски во новата сезона ќе игра во дресот на турскиот Фенербахче. Клубот од Турција беше конкретен, Алиоски сакаше да се врати во Европа, го избра гигантот за кој претходно настапуваше и Елиф Елмас.
Македонскиот репрезентативец, е среќен што ќе игра во дресот на најголемиот клуб во Турција.
„Среќен сум што потпишав за Фенербахче, имам среќа да играм за најголемиот турски клуб. Фенербахче има неверојатни навивачи, со нетрпение чекам да заиграм, се надевам дека ќе победуваме и ќе освојуваме трофеи заедно“, изјави Алиоски.