ФОТО: Арсенал го купи Хесус од Манчестер Сити, познати детали за сумата на трансферот

Арсенал има нова „деветка“, Габриел Хесус е нов играч во нападот на „топџиите“ кои денес официјално го потврдија трансферот на голгетерот кој доаѓа од Манчестер Сити.

„Топџиите“ беа принудени да бараат нов напаѓач, го најдоа во името на Хесус  кој се реши за нов предизвик.

Трансферот изнесува  45 милиони фунти,  Манчестер Сити е задоволен од зделката, а Арсенал од својот нов напаѓач.