Спорт // Спорт
ФОТО: Артета продолжи со Арсенал, клубот го потврди новиот договор
Шпанецот Микел Артета ја продолжи соработката со Арсенал, и ќе работи кај „топџиите“ до лето 2025 година.
„Возбуден сум, благодарен и среќен. Сакаме клубот да го однесеме на повисоко ниво и да се натпреваруваме со најдобрите екипи. За тоа да го оствариме мораме да играме во Лигата на шампиони“ - изјави Артета.
Артета е во Арсенал од 2019 година и со екипата го освои ФА купот во сезоната 2019/2020.