Спорт // Спорт
ФОТО: „АС“ тврди, висок функционер од Албанија учествувал во грабежот на куќата на Бензема
Алфред Продани, функционер од Владата на Албанија ( директор на Јавното претпријатие Водовод во областа Курбин), бил член на организирана криминална банда која ограбила најмалку десет елитни куќи во Шпанија, меѓу кои и на ѕвездата на Реал Мадрид Карим Бензема.
Продани е уапсен во Албанија, во градот Лачи и треба да биде испорачан на власите во Шпанија.
Во потрагата по криминална банда бил вклучен и Интерпол кој учествувал во апсењето на Албанецот.
Инаку грабежот во куќата на Бензема се случи на 27 февруари 2019 година за време на „Ел Класико“ на „Сантијаго Бернабеу“.