Спорт // Спорт
ФОТО: Баерн ја одби новата понуда на Барса, Левандовски на Ибица „уловен“ со Чави
Германските медиуми јавуваат дека Баерн Минхен ја одби последната понуда на Барселона за Роберт Левандовски, изнесувала околу 40 милиони евра, а германскиот клуб бара најмалку 50 милиони.
Левандовски изјави дека сака нов предизвик, го гледа само во дресот на Барса, во моментот е на одмор на Ибица, каде е фотографиран со Чави, тренерот на Каталонците имал разговор со напаѓачот.
Сега шпекулациите се погласни дека Левандовски и Барселона бараат нов начин како да го убедат Баерн на договор, ова е жешко лето за репрезентативецот на Полска.