Спорт // Спорт
ФОТО: Бензема му покажа прст и правец на Мбапе, грешка е договорот со ПСЖ

Килијан Мбапе ги разреши сите дилеми, потпиша договор со ПСЖ до 2025 година, со стил го прослави продолжувањето на соработката, запиша хет-трик против Мец.
Тоа не им се допадна на многу навивачи на Реал Мадрид, а особено на нивната ѕвезда, Карим Бензема.
Бензема на Инстаграм објави стори, на кое во преден план е логото на „кралевите“, а прстот покажува кој е вистинскиот правец, му се обрати индиректно на Мбапе, кој според него направил грешка.