ФОТО: Бобан Николов се враќа во Романија

Повеќе медиуми од Романија најавуваат дека Бобан Николов кој е без клуб во моментот, е пред потпис со ФСЦБ Букурешт, клуб кој е практично наследник на Стеауа, тоа ќе биде негово враќање во првенството на оваа земја.

Потписот на Николов со ФСЦБ е извесен, најавува „гсп.ро“, следува потпис на една сезона.

Николов минатата сезона настапуваше за Шериф во Молдавија, во Романија играше за Академијата на Хаџи, потоа и во Виторул Констанца, а запиша настапи и за Вардар, Видеотон и Лече во Италија.