ФОТО: Бугарија -Македонија во Лига на нации на регионалниот спортски канал, Спортклуб ги загуби ТВ правата

На почетокот од јуни започнува новата сезона во УЕФА Лигата на Нации, Македонија е во лигата Ц, противници се Бугарија, Грузија и Гибралтар.

Првиот меч Македонија го игра со Бугарија на 2 јуни на гости во Разград, досега сите мечеви ги емитуваше Спортклуб, но сега тие ќе се емитуваат на ТВ Аренаспорт.


Аренаспорт ги откупи ексклузивните права за Македонија, Србија, Црна Гора и БиХ, тоа значи дека мечевите на македонската репрезентација во новата сезона ќе бидат емитувани на овој регионален спортски канал.

Засега не е познато дали МКРТВ е во „игра“, преговори имало, дали се сè уште „живи“ за преноси на националниот сервис, е енигма.