ФОТО: Бугарска ЦСКА од Софија мора да игра во Скопје со Македонија ЃП

Македонија ЃП ќе ја пречека бугарска ЦСКА Софија во Скопје, средбата се игра в четврток со почеток од 17-30 часот на теренот на ФФМ „Петар Милошевски“.

Оваа официјална потврда стигна и од Македонија ЃП, клубот од Бугарија бараше средбата да се игра надвор од Скопје, имаше предлози и да се игра и во соседна Србија, односно Ниш, а се поради тензиите на релација Македонија-Бугарија, но таа опција отпадна.

Средбата меѓу Македонија ЃП и ЦСКА Софија во четврток започнува од 17-30 часот со пренос на МРТ1.