ФОТО: Чурлинов на медицински прегледи, потоа се става на располагање на Компани и Барнли

Дарко Чурлинов неделава ќе го официјализира потписот со Барнли, англискиот тим и Штутгарт имаат договор, македонскиот репрезентативец прво треба да ги мине лекарските прегледи.

Чурлинов не беше во составот на Штутгарт викендов, тој ќе патува на лекарски прегледи и до крајот на неделата ќе потпише за англискиот клуб.

Барнли на Штутгарт ќе му исплати 5 милиони евра, на што ќе има и бонуси.