ФОТО: Чурлинов повреден, нема да настапи за Штутгарт в недела

Штутгарт на нашиот Дарко Чурлинов в недела (15-30 ч.) го пречекува Лајпциг, прво коло од новата сезона во Бундеслигата.

Според „stuttgarter-nachrichten“, тренерот на Штутгарт, Пелегрино Матарацо, има проблем со двајца повредени играчи, еден од нив за жал е македонскиот репрезентативец, Дарко Чурлинов.

Како што пишува „stuttgarter-nachrichten“, Чурлинов има болки во грбот, и неговиот настап за Штутгарт во првото коло е под знак на прашање.


Чурлинов запиша два гола на подготовките, еден во Купот на Германија, стана интересен за Барнли, но Штутгарт не го продава под 5 милиони евра, исклучена е опцијата за позајмица, а преговорите за трансфер се сè уштеактуелни.