(ФОТО) Дали би купиле слушалки од 20.000 долари?
Уметникот и дизајнер од Лос Анџелес, Иан Делук ги креираше најлуксузните „Apple AirPods“ слушалки. Дали би и ги купиле овие слушалки на вашата жена?
Овој негов проект
„не водведува во новата врска со материјалниот свет“, а неговата цел е
истражување на концептот со мешање на уметноста и продажбата. Секоја скулптура
од неговата серија „New Materialism“, претставува редизајн на комерцијалните
производи во новата фирма, со употреба на капиталистички дизајнерски процес.
Со ограничен број од само дваесет парчиња, секој единствен „Object No.1 AirPods“ сет скулптура ќе биде функционален и во комбинација со мермерна станица за полнење. Самите слушалки се направени од бело златои декорирани со дијамнти. Според ова, секој сет содржи сериски број, кој го претставува бројот на комбинацијата и датумите на креирање и издавање.
Продажбата се врши преку директна порака на Инстаграм страната на Уметникот.