Секоја чест, и за креативноста и за упорноста!
Иако Стив Ерин не е архитект по професија, сепак тој по долгата кариера како клучар се зафаќа да изгради свој дом. Со помош на двајца помошници тој го прави проектот „Dome Home“ за помалку од шест недели. Куќата е сместена среде фармата за манго на неговиот зет во Тајланд. За изградбата биле употребени само локални материјали, со што Ерин заштедил многу пари. Тој наведува дека сите трошоци околу куќата, вклучувајќи го и мебелот, го чинеле околу 9 илјади долари. Куќата има сферична форма. Направил вентилација низ отворите на покривот, а неговата внатрешност е во склад со бујната тропска вегетација надвор.