ФОТО: Дарко Чурлинов се враќа во Шалке !

Медиумите во Англија и Германија јавуваат дека Дарко Чурлинов е пред враќање во Германија и Бундеслигата, и повторно би играл во Шалке каде имаше голема минутажа, запиша 22 меча и постигна два гола во сезоната 2021/22.

Според најавите од Германија (Скај Спорт), Чурлинов би се вратил во Шалке како позајмен играч по завршувањето на оваа сезона.

Истата информација ја пренесуваат и медиумите блиски до Барнли каде во моментов е член Дарко Чурлинов, тој е постојан репрезентативец на Македонија.

Чурлинов има само 6 настапи за Барнли во првенството во кое на последните седум средби беше само еднаш во составот а одигра 17 минути.