ФОТО: Дарко Чурлинов се врати во Штутгарт, дали ќе остане, отворено прашање...

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов од авион на тренинг, од вчера е во тренажен процес откако се врати во својот клуб Штутгарт кој го позајми една полусезона во Шалке.

Чурлинов и Шалке сакаат да ја продолжат соработката, но обесштетувањето од 3 милиони евра му прави проблем на клубот од Гелзенкирхен кој го загуби главниот спонзор Гаспром поради војната во Украина.


Вистинска енигма е дали Чурлинов ќе остане во Штутгарт, има неколку понуди од Германија, покрај Шалке и Хофенхајм е заинтересиран за нашиот репрезентативец, а има и понуда од Турција.