Спорт // Спорт
ФОТО: Дејан Илиев го оперираше коленото, голманот на македонската репрезентација ќе паузира три месеци
Голманот на македонската репрезентација, и член на Тренчин во Словачка, го оперираше менискусот на коленто и го очекува пауза од неколку месеци.
Илиев ќе ги пропушти натпреварите на својот тим во Словачка на почетокот од сезоната, а воедно и на македонската репрезентација во септември во Лигата на нации.
„Уште една пречка на патот. Благодарност до д-р Улрих Бениш и неговиот тим што ми помогнаа уште еднаш во овие тешки моменти! Тешката работа започнува сега, ќе се вратам уште посилен“, нашиша на Фејсбук Илиев.