ФОТО: Детали од перфектниот изглед на дресот на фудбалската репрезентација


Детали од изгледот и дизајнот на новиот дрес на фудбалерите објави ФФМ.

Препознатливото сонце истакнато на градите на фудбалерите на модерен начин ја отсликува енергијата и гордоста на Македонија. 


Дизајниран од нашата Рахила Илиев и Мартин Филиповски, новиот дизајн останува верен на македонското фудбалско наследство. 


Резервниот дрес во бело-жолта боја е уште една интерпретација на македонскиот дизајн за фудбалерите и навивачите.


Нашата репрезентација добива уште една, трета варијанта на дресови и шорцеви во темна боја која дополнително го нагласува сонцето и националната гордост.


#НапредМакедонија