ФОТО: Дибала со личен рекорд во поразот на Јувентус од Џенова, во топ 10 голгетери кај „старата дама“

Јувентус загуби од Џенова на гости со 2-1 на гости, епски пресврт на домашниот тим во финишот со два гола во периодот од 87 до 95 минута.

Единствениот гол за Јувентус го постигна Пауло Дибала, Аргентинецот најверојатно по завршување на сезонава ќе си замине од Торино, голот кој го постигна против Џенова е неговиот 115-ти гол за „старата дама“, сега е на деветтото место во историјата на Јуве, а се израмни со легендарниот Роберто Баџо на листата на стрелци.