Спорт // Спорт
ФОТО: Дибиров официјално играч на Загреб, прва изјава за новиот клуб по заминувањето од Вардар

Тимур Дибиров од денес е играч на Загреб, тоа што беше предмет на шпекулации, доби потврда, Русинот го напушти Вардар и има нов предизвик.
По девет сезони во Вардар, каде го доби статусот на легенда, и еден од најомилените играчи кај навивачите, Дибиров по проблемите на црвено-црните од финансиска природа се реши да се пресели во Загреб.