(ФОТО) Елегантност и удобност во едно: Адидас ги претстави новите „Stan Smith Buckle“ патики
Популарниот моден бренд ја претстави редизајнираната верзија на класичните Стен Смит патики..
Сите љубитли на Адидас брендот сигурно знаат како изгледа Стен Смит
моделот. Овие патики со години важат за едни од најпопуларните Адидас модели и
оргомен број на мажи ги сметаат за најдобрите патики кои ги имале досега. Меѓутоа,
компанијата Адидас приметила дека овие патики најчесто ги носат во спортски
комбинации, па се одлучи да ги претстави новите Смит патики кои ќе бидат
елегантни и кои ќе можат да се носат и во вечерни прилики.
Така настанаа „Stan Smith Buckle“ патиките кои немаат врвки и кои се закопчуваат со помош на две ремчиња со копчиња. Патиките го задржија стариот облик, но нивниот горен дел е целосно сменет. На тоа место се наоѓа прекривач кој е споен со ремчињата и копчињата кои ја држат затегната патиката околку вашето стапало.
Патиките се бели, а златните копчиња се доста луксузен и елегантен ефект кој ќе ви помогне да изгледате сјајно во посебни прилики. Овие патики може да ги носите во различни модни комбинации, за вечерни излегувања, но и за елегантни и отмени вечери.
Цената на овие патики е 120 долари и наскоро ќе бидат достапни за продажба.