ФОТО: Елмас добил повик од Јирген Клоп вреден милиони

Турските медиуми јавуваат дека Елиф Елмас е желба на Јирген Клоп и Ливерпул.

Клоп наводно имал телефонски разговор со Елмас, желбата е трансфер во зимскиот преоден рок.

Елмас според најавите од Турција, подолго време е желба на Ливерпул и неговиот менаџер, Германецот Клоп го сака како решение во средниот ред.

Македонскиот репрезентативец со Наполи има договор до 2025 година, на трансфер берзата вреди околу 25 милиони евра.