(ФОТО) Елвис Присли се возеше во него: Потребно е мало богатство за да го имате неговиот авион
Стариот авион на кралот на рок музиката бара нов сопственик кој ќе го реставрира..
„Lockhead
Jetstar“, приватниот авион од 1962
година е ставен на аукција и се очекува дека ќе се продаде по цена од околу 2
до 3.5 милиони долари. Овој авион му припаѓаше на легендарниот Елвис Присли кој
доста го користел, најчесто за своите музички турнеи.
Авионот е во истата состојба како што е оставен, па му е потребна целосна реставрација, но во внатрешноста на авионот може да се види црвениот сатенски тепих, црвениот мебел и опремата која се сметаше како најголем луксуз во далечните 60-ти и 70-ти години.
Она што го прави овој авион единствен е фактот што е дизајниран од Елвис, за да ги задоволи своите потреби, па затоа тој е толку специјален и уникатен. После неговата смрт, овој авион стоеше недопрен на една писта во Ново Мексико повеќе од 35 години, така да времето доста влијаело на него, но кога би се реставрирал, ќе биде повторно во супер фунција која би му се допаднала на кралот, доколку би бил жив.
Сега се чека само новиот сопственик кој ќе го врати во живот овој авион.