ФОТО: Евертон заинтересиран за Елмас, можна преселба во Англија

Новинарот од Италија, Џанлука Ди Марцо од „Скај Италија“, кој се смета за еден од најдобро упатените на трансфер пазарот од Серија А, тврди дека Евертон има намера да го донесе Елиф Елимас.

Елмас беше поврзуван со неколку екипи од Италија, пред сè Милан, но сега е интересен за Евертон, тврди Ди Марцо.

Македонскиот репрезентативец засега е само желба на Евертон, но можно е да ја смени клупската средина, во Англија денес за Барнли потпишува Дарко Чурлинов.