(ФОТО) Фановите едногласни: Хенри Кавил ќе биде следниот Џејмс Бонд
Даниел Крејг ќе го сними својот петти и последен Џејмс Бонд филм, па сега повторно се поставува прашањето, кој ќе биде неговиот заменик..
Иако, Крејг зборуваше дека не сака да го сними петтото продолжение на Бонд,
на крајот сепак се согласи. Тој нагласи дека ова дефинитивно е неговиот
последен Бонд филм и дека повеќе не сака овој лик да глуми, па сега се
поставува прашањето кој ќе биде новиот агент 007.
Многу гласнини се кружат и многу актери се во опција да го глумат овој популарен лик. Најпопуларните теории се дека следниот Бонд ќе биде црнец и дека ќе го глуми Идрис Елба, како и дека Бонд ќе биде женско. Секако, се уште ништо не е потврдено, така да судбината на последниот Џејмс Бонд се уште не се знае.
Меѓутоа, фановите на овој лик го сакаат Хенри Кавил. Актерот кој се прослави со улогата на Супермен. Хенри Кавил станува се попопуларен и попризнат британски актер, а поради својот шармантен изглед, многу сметаат дека тој ќе биде совршен Бонд.
Неколку пати го има глумено тајниот агент и покажа дека тие улоги се створени за него, па не е невозможно да го видиме него во 26тиот филм на Бонд.
Уметникот, Јакуб Масловски, на својот Инстаграм профил претстави фотографија која ја направил и која покажува како би изгледал Кавил како Бонд. По реакциите на фановите, ова е идеалниот изглед на овој лик, што потврдува дека Хенри е роден за оваа улога.
Што мислите вие, дали СУПЕРМЕН би бил добар БОНД?