ФОТО: ФФМ ве повикува, нашите „Рисови“ имаат потреба од вас, поддршка од навивачите за дуелот против Грузија

Македонија во четврток ја очекува супер важниот дуел со Грузија, средба од третото коло во Лигата на Нации.

Двете репрезентации се без пораз, ефектот на Македонија е нерешено и победа, Грузија има две победи против Гибралтар и Бугарија, следува дерби во Скопје за првото место!

ФФМ ги поканува и повикува навивачите, дојдете заедно да ја бодриме репрезентацијата и да славиме победа во важниот меч за националниот фудбалски тим.