(ФОТО) GILLETTE го претставува првиот брич со грејач!
Пристигнува новата серија на ножеви за бричење која ќе ви овозможи да го доживеете најпријатното бричење до сега.
Ништо не може да
го замени бричењето кај берберот, кој ви го опушта лицето со топла вода и
пешкир, ви ја масира кожата со смирувачки и миризливи креми. Сепак, многу од
нас немаат време секојдневно да го посетуваат берберот, па затоа поголемиот дел
од мажите се средуваат дома.
Gillette компанијата одлучи овој пат на мажите да им претстави потполно нови и револуционерни бричеви, кој во себе содржат греач и кои го реплицираат бричењето откако ќе ставите топол пешкир преку лицето. Новите бричеви го носат називот „The Heated Razor“ и поседуваат „FlexDisc“ технологија која овозможува ножевите на бричот да се прилагодуваат на контурите на вашето лице, литиумската јонска батерија која безжично се полни и премиум дршката направена од цинк.
Сепак, најважниот новитет кај овој брич е греачот кој се наоѓа на самиот врв од бричот и кој благо го загрева ножот, со што настанува пријатно чувство при бричењето, кое максимално ја намалува иритацијата. Бричот се загрева на собна температура за неколку секунди и може да се користи и додека се туширате, така да со помошта на овој револуционерен изум ќе можете најсовршено да се средите во вашиот дом.
Цената на овој брич изнесува 200 долари, што не е мала цифра, но мажите кои сакаат чисто, смирувачко и брзо бричење, сигурно ќе успеат да издвојат пари за овој гаџет.